Безбедна трговија

Секогаш детално читајте го описот на огласот

Ако сликите и описот изгледаат како да се позајмени од друг сајт, истражете ги цените пред да тргувате

Секогаш проверете го фидбекот на продавачот

Ако продавачот има многу негативни или неутрални рејтинзи, можеби ќе сакате да тргувате со друг понудувач. Важно е да се запази дали корисниците кои оставиле фидбек се фејк или не, доколку се сите нови корисници, можеби се креирани само за да го подобрат рејтингот на понудувачот.

Премногу добро за да е вистинито

Направете подетално истражување за артиклите каде цената е многу примамлива и особено кога понудувачот брза да ја затвори зделката

Пазете се од лажни или пиратски предмети

Фалсификувани артикли, како што се чанти, накит и облека, или неовластени копии на софтвер, игри, музика или филмови, се нелегални и не се дозволени на Trgovec.com. Ако видите оглас што изгледа сомнително, ве молиме да го пријавите

Немојте да плаќате однапред

Пожелно е да ја испитате исправноста на предметот, пред да купите

Немојте да споделувате лични податоци

Не споделувајте податоци за трансакциона сметка, корисничко име или лозинка

Бидете внимателни со трансер на пари онлајн

Користење на интернет банкарство е брз и ефикасен начин за правење на меѓународни трансакции, безбедносните ризици од измами се големи. Процедурите за контрола и повраток на средствата се исто така многу комплицирани. 

Кога тргувате со поголема сума на пари

Консултирајте се со вашата банка за процедурите кои овозможуваат сигурна и безбедна трансакција

 

Заштита од измами

  • Најчесто прашања од странство или преку е-пошта
  • Не користете Western Union или трансакции со чек
  • Проверете ја адресата од линковите кои ви се пратени и осигурајте се дека започнуваат со https://www.trgovec.com
  • Никогаш не внесувате податоци во форми пратени по е-пошта. Пред да внесете било какви податоци проверете ја веб адресата.
  • Измамниците користат тактики на заплашување за да ви направат притисок да им доставите доверливи податоци. Не одговarajte на притисок
  • Ако добиете е-пошта од некој кој претендира да биде од Trgovec.com, Пожелно е да пријавите кај нас. Ние ќе превземеме мерки за отстранување на такви сајтови.

Запомнете, најголемиот број на проблеми се решаваат преку добра комуникација и трпение. Па бидете трпеливи, искористете го вашиот здрав разум и имајте среќно тргување.